Дневен хороскоп за петок: Прилично напнат ден за еден знак
Лав
Работа: Со исклучок на можна нетрпеливост и пар нервозни реакции поради тоа, се останато на полето на деловните активности треба да им оди во прилог на Лавовите овој петок.
Љубов: Ви претстои многу поволен ден доколку сте планирале да се посветите на зајакнување на темелите на вашата љубовна приказна. Уживајте.
Здравје: Многу добро.
Девица
Работа: Не е лош ден за почеток на реализација на некои од новите идеи, само потрудете се однапред да направите прецизен план на активности.
Љубов: А на љубовен план ве очекува поволна ситуација за да реализирате барем една љубовна идеја. Уживајте.
Здравје: Многу добро.
Вага
Работа: Нема непремостливи пречки во деловниот план за Вагите овој петок. Слободното време би можеле да го искористите за да се посветите на некое хоби.
Љубов: Искористете го целиот свој шарм и заводливи адути за уште повеќе да се зближите со личноста која ве привлекува.
Здравје: Многу добро.
Шкорпија
Работа: Внимавајте да не сте пропуштиле некои недовршени обврски кон институциите поврзани со формалности и документација, за да избегнете плаќање пенали.
Љубов: Бидете малку пореални, не избрзувајте, за да не се доведете во комплицирана ситуација.
Здравје: Можна чувствителност на зглобовите и ситните коски.
Стрелец
Работа: Иако сè не оди многу лесно, со некои корекции и решавање на проблемите во движење, сепак ќе можете да правите сè на задоволителен начин.
Љубов: Важно е да се опуштите и да одржувате задоволителни партнерства без поголеми пресврти.
Здравје: Можни алергиски реакции.