Дневникот на сестрата на принцезата која се занесува: Она што го мисли сестрата на Меган Маркл за неа е сурово
Полусестрата на Меган Маркл, Саманта Грант (56), во книгата „Дневникот на сестрата на принцезата која се занесува“, наводно ја напиша „скриена вистина“ за Меган.
Саманта најави дека ќе напише книга за Меган кога се шпекулираше дека е во врска со Хари, а после тоа јавно ја „нападна“ својата полусестра и редовно зборуваше за нивната нефункционална врска.
Дејли Мејл пишува дека Меган е многу вознемирена поради книгата, нема да се занимава со такви нешта.
- Нејзе ѝ се гади од се што прави нејзината полусестра зад грб, буквално чувствува мачнина и болки во стомакот - изјавиле за британските медиуми извори блиски на Меган.
Грант претходно ја критикуваше нејзината полусестра, нарекувајќи ја „мизерничка која се искачува во социјалните слоеви“ и „нечовечка војвотка на глупоста“, која намерно се дистанцирала од нејзиниот татко и од другите членови на семејството.
(Telegraf.rs)
Фото: принтскрин