ДНК: „На овој празничен ден, ви го подаруваме нашиот нов сингл „Кога би знаела се“!
Вечерва е Бадник, ден пред еден од најголемите христијански празници Божиќ. И, токму на овој ден дуето ДНК се одлучи да не почести со ново музичко парче.
Имено, Панчо и Андреј видео записот за нивната најнова песна „Кога би знаела се“ го снимаа во Чикаго, Америка. Облечени како каубојци и со гитара во рака одлично ја доловија приказната која ја раскажуваат во нивната песна.
Уживајте во видеото, кое не се сомневаме дека ќе има многу прегледи на Youtube!