ДНК тест ги шокирал докторите: Мајка (19) родила близнаци од различни татковци, докторите мислеле дека ова никогаш нема да го доживеат
Девојче роди близнаци и ДНК покажа дека нивните татковци се различни, еве како се случило тоа.
Деветнаесетгодишно девојче од Португалија покажа дека гените се чудесни и дека женското тело е уште почудесно. Таа роди близнаци, но она што ги збуни сите дојде дури по осум месеци.
Земала ДНК од маж за кој верувала дека е татко на децата, но се испоставило дека тој е татко на само едно дете. Ова ги збунило сите, а потоа оваа млада мама се сетила дека истиот ден имала секс со друг маж, па го повикала и него да направи тест. На изненадување на сите, другиот маж се покажало дека е татко на второто дете.
„Бев изненадена од резултатите, не знаев дека ова може да се случи, а бебињата си личат“, вели оваа млада мајка.
Во изводот од матичната книга на родените се уште е наведен само еден маж како татко на двете деца, но како што вели мајката и двајцата се грижат за децата, и помагаат во се и ја даваат потребната поддршка.
Гинеколог кој проучувал невообичаени бремености вели дека ова е само 20-ти таков познат случај во светот, за ваква бременост. Тој вели дека до тоа дошло кога две од мајчините јајце клетки биле оплодени од различни мажи. Бебињата го делат истиот генетски материјал на мајката, но растеле во различни плаценти.
"Бременоста помина одлично, без никакви компликации. Момчињата се родени здрави и никогаш немале никакви здравствени проблеми. Тоа е исклучително ретко. Се случува еднаш во милион бремености, а никогаш не сум замислувала дека ќе видам ваков случај во мојот живот “, изјави докторот кој и ја откри приказната за момчињата кои денес имаат една година и четири месеци.
извор:najzena