ДНК тест покажа дека не сме биолошки родители на нашето дете: Олга и Иван го добија Денис со голема борба, подоцна ја дознаа шокантната вистина
Олга и Иван Алиокин од Челибинск, Русија доживуваат вистинска семејна драма, откако набргу по раѓањето на нивниот син Денис дознаа дека тие не се негови биолошки родители, туку дека случајно ја оплодиле Олга со јајце клетка од друга жена, за време на ин витро оплодување, пренесува британското „Метро".
За жал, се чини како овој млад пар да е дел од сапуница „Телевиса пресента“, па сега чекаат да ги запознаат „заменетите“ деца со познатата реченица: „Ја сум ти мајка“.
Олга и Иван долго време неуспешно се бореле за потомство и конечно се одлучиле за ин витро оплодување на клиника, каде што се сретнале со жената за која сега веруваат дека е мајка на нивното дете.
„Денот кога отидов на вадење биоматеријали, запознав жена во истиот оддел. Разменивме неколку зборови, но едноставно не се сеќавам на нејзиното име. Ми рече дека ѝ се земени 10 јајце клетки, исто како и мене. Се сретнавме повторно за време на процесот на оплодување и оттогаш не сум ја видела“, рече Олга Алиокин.
Меѓутоа, направениот ДНК тест, ги потврдил најлошите сомневања.
"Животот ми се преврте наопаку. Бев во длабока состојба на шок и паника. Плачев цел ден, но не можев никому да ја кажам причината. Ни беше кажано дека никој од нас двајца не е биолошки родител на детето", рече Олга за тешките моменти кога со сопругот се соочиле со вистината откако ги дознале резултатите од тестот, но таа посочи дека никогаш нема да се откаже од својот двегодишен Денис, дури и да го најде семејството кое го воспитува нивното биолошко дете.
Сепак, Олга вели дека би сакала да воспостави контакт со жената што го родила нивното дете за да можат да се зближат и да можат да се сретнат и повремено да ги гледаат своите биолошки деца.
„Неговите биолошки родители може да го земаат Денис за празниците ако сакаат. Само сакам да воспоставам врска со нив", рече Олга Алиокин на крајот.
извор:zena.blic.rs