До 15 јули еден хороскопски знак го очекува навистина пеколен период!
Почетокот на јули ќе биде навистина пеколен за еден хороскопски знак. Тежок период е пред него, но сепак не е нешто со кое не може да се справи.
Тоа е Скорпијата.
Првата половина од месецот ќе сакате да побегнете на пуст остров. Телефонот постојано ќе ви ѕвони, сите ќе ве бараат и ќе сакаат да им направите некоја услуга. Иако многу луѓе ви помогнале во изминатиов период, не сте очекувале дека сите ќе бараат да им ја вратите услугата толку брзо. Овој период сите ќе имаат нешто итно и ќе мислат дека тие се најважни. Сепак, ќе мора да избегнете некого, некого да одбиете, а некои од пријателите можеби и ќе ви се налутат за тоа.
Вашите најблиски очекуваат премногу од вас, но вие не можете да им кажете дека ви е премногу да водите сметка и за нивните и за вашите обврски. Бидејќи не сакате да ги навредите ќе молчите, а вашиот гнев ќе го насочите кон саканата личност.
Ова не е добро решение, но во тој момент нема да можете да постапите поинаку. Ќе се чувствувате изморено и исцрпено и ќе знаете дека тоа е поради стресот. Можеби наскоро ќе имате храброст да се борите за себе и за вашата врска.