ДО 29 ДЕКЕМВРИ: 5 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ги чека триумф
ОВЕН
ЉУБОВ: Ќе се одлучите на некои посмели чекори за кои всушност воопшто не сте размислувале. Големите емоции ќе ве поттикнат да направите повеќе од тоа што вие всушност би направиле.
РАБОТА: Одличен период во кој само ќе ја зацврстите работната позиција. Ќе бидет пример за брзо и точно работење. Помогнете им на понеискусните колеги.
ЗДРАВЈЕ: Добро, намалете ги нервозите.
БИК
ЉУБОВ: Некоја нова прилика ќе се појави на вашата врата. Вие нема да знаете што да направите, но откако ќе размислите ќе видите дека тоа всушност е долична можност. Бидете искрени со блиските лица.
РАБОТА: Вашата кариера подолго време стагнира, а вие не преземате посериозни чекори за да напредувате. Поради сето тоа ќе се појават финансиски проблеми кои ќе ви го отежнат живеењето.
ЗДРАВЈЕ: Mожни е проблеми со белите дробови.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Поволен период за започнување на нешто ново. Новата врска или новото пријателство ќе донесат среќа во вашиoт живот. Бидете искрени уште на самиот почеток. Претставете се во вистинското светло.
РАБОТА: Период во кој ќе помислите дека сите задачи на работното место ги обавувате исклучиво вие. Но не е така, едноставно ви недостасува мотивација. Пронајдете поттик во малите нешта.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
РАК
ЉУБОВ: Проблематичен период за оние кои не се во врска, односно во нивниот живот периодов ќе се појават личности кои всушност не ветуваат ништо и не претставуваат сериозна прилика.
РАБОТА: Работните обврски ќе бидат намалени, а вие ќе наоѓате интересни начини како да го поминете времето на работа. Ќе бидете креативни, па смислените идеи ќе сакаат да ги применат сите.
ЗДРАВЈЕ: Студеното време нема да ви годи, заштитете се соодветно.
ЛАВ
ЉУБОВ: Бурен период во кој оние кои се во врска постои можност да и стават крај на врската, а оние кои се сами ќе навлезат во врска со проблематичен партнер од кој ќе бидат разочарани. Побарајте утеха во семејството.
РАБОТА: Нема да можете да се сконцентрирате на важните нешта. Ќе се појават неколку проблеми еден по друг, а вие ќе се загубите. За среќа некој колега ќе ви помoгне да се отплеткате, почастете го кафе за услугата.
ЗДРАВЈЕ: Можни сe проблеми со бубрезите.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Одличен период во кој оние кои се во кратка врска ќе го зацврстат односот, а оние во долга врска ќе направат смел чекор понатаму. Солзите во очите ќе бидат резултат на голема среќа.
РАБОТА: Период во кој нема да доживеете некои поголеми промени. Едноставно, работите ќе си течат, а вие ќе давате се од себе. Ќе го зацврстите односот со долгогодишните колеги.
ЗДРАВЈЕ: Добро, консумирајте витамини.
ВАГА
ЉУБОВ: Откако ќе сфатите дека премногу сте се залагале за блиските лица, а никој не ви возвратил соодветно, ќе се повлечете во себе и во иднина посебично ќе постапувате.
РАБОТА: На работното место ќе настанат компликации, но брзо и лесно ќе успеете да ги решите. Работите како за двајца, но без грижи, тоа ќе биде забележано, а вие ќе бидете наградени.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
ШКОРПИЈА
ЉУБОВ: Мали ситни кавги кои ќе прејдат во повеќечасовно дебатирање. А зошто ви е потребно тоа? Кажете што мислите и пресечете. Не објаснувајте со часови што сакате, едноставно кажете се во една реченица и држете се до вашите зборови.
РАБОТА: Можеби ви се зголемени работните обврски, а платата ви тапка во место, но без грижа следи период во кој тоа ќе се промени. Вашите приходи ќе пораснат, а насмевката нема да се тргне од вашето лице.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Малку сте нефер со партнерот, а откако тој ќе ви го каже тоа, се правите дека не го слушате. Од оваа ситуација можете само да загубите. Посветете малку повеќе време за да се поправите.
РАБОТА: На работното место во блиска иднина ви стои напредок. Тоа ќе биде одлична вест за вас. Ќе бидете среќни и задоволни, па ќе работите повеќе и ќе давате се од себе.
ЗДРАВЈЕ: Добро, внимавајте на исхраната.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Нема да имате слободно време за досадување, партнерот и пријателите постојано ќе бидат покрај вас. Во овој период ви претстојат повеќе промени во социјалниот живот.
РАБОТА: Одличен период за напредок и докажување на вредностите, ќе дадете се од себе и ќе успеете да ја уверите околината дека вредите многу повеќе.
ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе витамини.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Поволен период во кој можете да направите некој посмел чекор. Нека не ве плашат грешките од минатото, променете го вашиот негативен став и ослободете се.
РАБОТА: Најверојатно дека овој период само ќе се досадувате, нема простор за напредок. Обидете се да си ја направите работата поинтересна, променете го пристапот кон обврските.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со притисокот.
РИБИ
ЉУБОВ: Нема да знаете како да постапувате, ќе има позитивни настани, но повеќето ќе бидат негативни. Најдобро е да не повлекувате нагли потези. Паузирајте со емоциите со цел да не предизвикате уште поголем проблем.
РАБОТА: Овој период посветете му се на деловниот живот, најдете задачи кои сте ги запоставиле и завршете ги. Усовршете го начинот на делување и напредувајте.
ЗДРАВЈЕ: Можни се скршеници, внимавајте при физичките активности.