До полни усни во само три едноставни чекори: Трик кој ги воодушеви девојките (ВИДЕО)
Сѐ што ви е потребно се течен кармин и моливче за усни...
Жените на социјалните мрежи често споделуваат совети. И додека некои од нив се вистински експерти за одредена работа, други со задоволство откриваат мали и многу корисни трикови за убавина.
Една ТикТокерка ги воодушеви следбениците со една необична и потполно безболна метода за зголемување на усните. За работата да биде уште подобра, резултатот е таков како за нив да се има погрижено најдобриот естетски хирург.
Таа на оваа социјална мрежа објави кратко видео во кое покажа три многу едноставни чекори кои се применуваат за ефект за полни усни. Потоа, видеото на „Инстаграм“ го објави еден профил за убавина.
Во прашање е нешто безбедно, а сѐ што ви е потребно за да ги примените нејзините совети се течен кармин и моливче за усни.
# Чекор број 1
Усните стиснете ги, така што ќе ви се гледаат само горната и долната линија.
# Чекор број 2
Исцртајте со моливче за усни рамна линија на горната и долната усна. Моливче ставете и на аглите од усните, а за да изгледаат уште пополни, слободно прецртајте со моливчето преку работ на усните.
# Чекор број 3
Нанесете течен кармин или сјај за усни, а потоа соединете го со моливчето и уживајте во новиот изглед на вашите усни со кои ќе мамите погледи.
Во продолжение погледнете како таа го прави тоа:
фото: Принтскрин / Инстаграм