До вчера беше девојче, сега чекори по стапките на мајка ѝ: Како изгледа ќерката на Клаудија Шифер? (ФОТО)
Клементин, ќерката на познатата манекенка Клаудија Шифер почна да чекори по стапиките на својата мајка...
Животот на Клементина Пупи досега воглавно се одвиваше далеку од очите на јавноста, а откако наполни 17 години одлучи да тргне по стапките на својата позната мајка, добивајќи го својот прв ангажман како модел.
Заедно со мајка ѝ, Клаудија Шифер, легендарниот супермодел од 90-тите, 17-годишната Клементин е заштитно лице во новата кампања на популарниот австралиски бренд „Realisation Par“.
Брендот засега објави две црно-бели фотографии од мајката и ќерката, со кои го најави лансирањето на посебната колекција од 13 парчиња во духот на 90-тите. Едната фотографија ја прикажува Клаудија, додека другата нејзината 17-годишна наследничка, во иста иста кошула, со идентична фризура и израз на лице.
Клементин Пупи е дете на Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон. Родена е во Лондон на 11 ноември 2004 година и освен постариот брат Каспер, ја има и помладата сестра Козима.
Супермоделот од 90-тите отсекогаш се трудела своите деца да ги држи подалеку од очите на јавноста, а покрај својата прва менекенска работа, Клементин уште ужива во приватноста, со заклучен профил на Инстаграм.
Уште во 2006 година Клаудија изјави дека би сакала нејзината постара ќерка да се испроба како модел. Тогаш за „Вог“ изјави дека би сакала да ја застапува својата ќерка, секако доколку одлучи да се занимава со манекенство.
За потсетување, Клаудија Шифер е една од најплатените манекенки, а кариерата ја започнала на само 17 години во една дискотека од каде што почнала да ги освојува модните писти ширум светот. Зад себе има повеќе од 700 насловни страници и над стотина поминати километри на модните писти.
Познатата Германка откри дека била многу срамежлива тинејџерка, која постојано заруменувала и на која ѝ недостасувала самодоверба. Како мала сонувала да стане адвокат, како нејзиниот татко Хајнц Шифер, но судбината за неа имала други планови.
На само 17 години ја открил Мајкл Леватон, сопственик на една позната модна агенција, кој ќе ја убеди да започне да се занимава со манекенство. Во 90-тите заработувала вртоглави суми на пари, освојувајќи многу фудбалски, филмски и поп ѕвезди.
Она што оваа кралица на модните писти ја разликува од другите, е сосема мирниот приватен живот, без скандали. Клаудија од 2002 година е во брак со британскиот режисер Метју Вон со кој има три деца. Семејството живее во познатиот лондонски кварт „Notting Hill“.
фото: Принтскрин / Инстаграм