Доаѓаше пијана на часовите и се жалеше зошто наставата не се одвива во бар: Дали сте имале и вие волку незгоден наставник?
Исповед за неверување...
Еден корисник на Редит отвори тема за професорите и наставниците и праша кои се нивните најлоши искуства со учениците и студентите, но по само неколку нивни коментари, започнаа да пристигнуваат и оние од другата страна - студенти и ученици ги споделија своите приказни за незгодните професори, а темата се прошири и на Твитер.
Една личност ракажа дека нејзината професорка знаела да дојде пијана на часовите, а потоа да зборува неповрзано без да престане. „Коментираше, така пијана, зошто не ја одржуваме наставата во бар“ - откри ученичката.
i have a theory that everyone has had a really weird math teacher so what’s ur weird math teacher story
— spence (go like art) (@ranboofficial) February 3, 2021
mine is that my year 8 math teacher would ‘hit’ ppl on the head with their textbook not hard enough to hurt but like damn
„Професорката ме прозва да решам математичка задача. Колку труд и да вложував, не ми одеше. Почна да ме влече и да ме нарекува идиот, ми кажа дека нема да супеам во иднина и продолжи да ме малтретира до крајот на учебната година“ - се пожали друг ученик.
Некои професори покажувале дека немаат воопшто емпатија. Еден студент раскажа дека поради сериозна болест морал да оди на разни прегледи и тестирања, а поради тоа ја пропуштал наставата. Професорот по историја пред сите зборувал дека тоа не е доволно добра причина за да се изостанува од наставата.
На друг професор со недостаток на емпатија ништо не му значела трагедијата во семејството на една студентка.
„Добив повик дека мојот братучед е убиен, а бевме на последната недела од наставата и имавме завршни испити. Им испратив мејлови на професорите дека нема да можам да одам на испити, а тој не ми одговори. За сето ова да биде уште полошо, веднаш ме бутна со оправдувањето дека братучедот не ми е во најблискиот круг на семејството“ - напиша таа.
Се јавија уште многу студенти и раскажаа дека низ целиот образовен процес повеќе се среќавале со безобразни и незгодни професори, отколку со добри и чесни, пренесува „UNILAD“.