Доби забрана за приближување: Зејн призна дека ги малтретирал Џиџи и Јоланда

Доби забрана за приближување: Зејн призна дека ги малтретирал Џиџи и Јоланда

Објавена во: Совети // Семејство

Покрај тоа што демантираше дека ја нападнал Јоланда Хадид, американските медиуми викедов пишуваа дека Зејн Малик во полиција признал дека ја нападнал мајката на својата партнерка, Џиџи Хадид.

Според документите до кои дошле од „TMZ“, Зејн е обвинет за четири кривични дела за вознемирување, а судските службеници велат дека тој не ги оспорил. Тоа во принцип значи дека го признал делото, но дека ќе избегне тужба.

Зејн се наоѓал во семејниот дом во Пенсилванија на 29 септември, каде дошол до конфликт со Јоланда, обраќајќи ѝ се со секакви зборови, кои би ги шокирале и оние кои секојдневно се навикнати на погрдни зборови.

Иако тој порекува дека дошло до физичка пресметка, во документите од полицијата се наведува дека ја „турнал Јоланда во плакарот, што ѝ предизвикало ментална и психичка болка“.

Исто така, повторно користијќи погрди зборови ѝ викал на Џиџи и ја замолил да го поддржи, по што решил да ја избрка Јоланда од домот.

Зејн е казнет парично: осуден е на 90 дена условна казна по секоја точка, што вкупно изнесува 360 дена. Исто така, мора да оди на курс за управување со бесот и програма против семејно насилство, а не смее да има контакт со Јоланда, ниту со нејзиното обезбедување.

Според пишувањата на медиумите, Џиџи и Зејн повеќе не се заедно.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: