Доби Златен глобус за улогата на Дајана во „Круна“, па му се заблагодари на принцот Хари: Ме трогна
Драмата „Круна“ на Нетфликс оствари убедлива победа на синоќешните награди „Златен глобус“. Четири номинации - четири награди, за Џилијан Андерсон (најдобра споредна женска улога во серија), Џош О Конор (најдобар актер во серија), Ема Корин (најдобра актерка во серија) и најдобра драмска серија.
Младата актерка Ема Корин ѝ се заблагодари на покојната принцеза Дајана, но и принцот Хари, по добивањето на ова признание.
„Пред сè, ти благодарам Дијана. Ти ме научи повеќе на сочувството и емпатијата отколку што можев да замислам. Во име на секој што се сеќава на вас со целото мое срце, ви благодарам“ - рече таа.
Актерката потоа се осврна на зборовите на принцот Хари, кој неодамна му призна на Џејмс Корден дека ја гледа „Круна“.
„Многу ме трогна она што го кажа. Самиот факт дека тој ја гледал серијата, а јас ја играм неговата мајка, мора да било многу чувствително за него. Многу ме трогна тоа што не следеше. Кога ги истражувате овие улоги, имате работа со вистински луѓе, додека од друга страна тие се истовремено производи на фикција. Толку далеку од вистинскиот човек. Никогаш не почувствував потреба некој од кралското семејство да зборува за оваа серија, но уживав во неговите зборови.“
Да потсетиме, принцот Хари, кој сега е жител на Лос Анџелес, му рече на Корден дека „се чувствува многу добро поради серијата„ Круна“ додека ги гледа приказните напишани за него, неговата сопруга и семејството“.
„Тие не се преправаат дека тоа се вести. Тоа е фикција, но делумно се заснова на вистината“ - рече Хари.
фото: Tanjug/Des Willie/Netflix via AP