Добивав многу ќотек: Џенифер Лопез на 18 години избегала од дома поради мајка ѝ, откри сѐ за односот со неа
Како што раскажа, во многу работи не се согласувале...
Новиот документарец за животот на Џенифер Лопез, „Halftime“, е објавен пред неколку дена, а веќе наиде на големи реакции кај јавноста. Поп ѕвездата и актерката, помеѓу останатото во ова остварување зборува и за односот со мајка ѝ.
Како што наведе, добивала многу ќотек од неа, сѐ додека не избегала од дома.
„Имам комплициран однос со мајка ми, постојано се каравме. Таа го правеше она што мораше, и поради тоа е силна, но поради тоа е и груба. Не тепаше, не убиваше од ќотек“ - раскажа Џенифер, која има уште две сестри.
„Не бев совршена мајка, но единствено што можам да кажам е дека сѐ правев со најдобар интересен за нив. Сакав да одгледам три девојчиња, кои ќе бидат независни од мажите. Не сакав да ги критикувам, туку да им покажам дека можат подобро. Но, Џенифер беше најлоша, искрено, со неа ми беше најтешко“ - кажа Лупе.
Таа останува при ставот дека со ќотекот на ќерките им го ставала во глава тоа дека никогаш не смеат да зависат од мажите.
Пејачката раскажа и дека на 18 години побегнала од дома, бидејќи повеќе не можела да го трпи таквиот однос. Љубовта кон танцот, младата Џенифер ја оттргнала од училиште, а нејзината мајка не сакала да го трпи тоа.
„Ми кажа, ако живееш под мојот покрив, ќе мора да завршиш училиште. Една вечер многу се испокаравме и морав да си одам“ - раскажа Лопез.
фото: Принтскрин / Инстаграм