Добро погледнете ги своите прсти: Деформацијата на нив открива еден од вашите најголеми пороци

Добро погледнете ги своите прсти: Деформацијата на нив открива еден од вашите најголеми пороци

Корисниците на Твитер се загрижени...

Секое прекувремено користење на телефонот може да предизвика бројни здравствени проблеми, а загрижените корисници на социјалната мрежа Твитер неодамна забележаа необични деформации на прстите.

Имено, тие тврдат дека начинот на кој го држите телефонот предизвикува вдлабнатини или виткање на нивните прсти.

Еден корисник на познатата социјална мрежа објави фотографија од своите раце и напиша:

„Имам вистинска повреда од телефонот. Прстот ми се свитка и не сака да се исправи. Треба да го променам начинот на кој го држам телефонот.“

Од тој момент се повеќе луѓе почнаа да пријавуваат слични случаи.


На ТикТок, корисничка по име @cllopez2000 објави видео во кое вели:

„Само се прашувам дали уште некој го има ова? Дали и вие го забележавте мало вдлабнување на  прстот?“ - барајќи помош.

Видеото стана вирално, а многу луѓе истакнаа дека и тие го имале тоа. Меѓутоа, се поставува прашањето дали е телефонот виновникот?

@cllopez2000

Kinda hard to see on camera, does anyone else have this? ##foryou ##fyp ##smartphonepinkie ##like ##share

Smart Phone Pinky - cllopez2000

„Иако се уште нема клиничи докази кои укажуват на тоа дека телефоните може особено да ги оштетат нашите прсти, постојат причини кои не поттикнуваат да веруваме дека прекумерната употреба на телефонот може да влијае на нашата мускулна функција и дека може да ги оштети нашите зглобови, особено во делот на палецот и малиот прст“ - објасни д-р Парина пател, фармацефт за „Мирор“.

Некои истражува исто така открија дека прекумерната употреба на телефонот може да предизвика болка во палците, па дури и да ја намали фунцкијата на рацете.

Како да ги заштитите своите прсти?

# Нежни вежби за рацете

Доколку имате проблеми со прстите, постојат некои вежби кои може да ви помогнат да ги растегнете мускулите и да ја ублажите болката во зглобовите. Една од овие вежби го вклучување и виткањето на прстите.

За оваа вежба едноставно треба да ја стиснете раката во тупаница, по што лесно ќе ја отпуштите и ќе ги испружите прстите. Тоа повторете го пет пати, по неколку пати на ден.

# Техника Александер

Иако ова обично се користи за постурални проблеми, некои од принците може да ви помогнат кај болката во рацете или прстите. Ќе ви помогне да разберете како вашите движења, вклучувајќи ја и употребата на телефонот, влијаат на делови од вашето тело.

# Исклучете го телефонот

Ова е најочигледното, но и најтешкото решение. Повременото отстранување од паметниот телефон може да ви помогне да ја намалите болката во рацете. Би било пожелно секој ден барем на еден час или два да одморите од мобилниот телефон. Не само што е добро за вашето физичко, туку е добро и за вашето ментално здравје.

Извор: телеграф.рс

Можеби ќе ве интересира: