Додека Анастасија Ражнатовиќ ужива во Севиља, нејзиното поранешно момче има преубав повод за славење (ФОТО)
Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ на почетокот на годината соопшти дека по 5 години ставила крај на врската со Ѓорѓе Куљиќ. Тие двајца не зборуваат за причините за оваа одлука, но наведоа дека останале пријатели.
Пејачката моментално ужива во љубовта со новото момче, фудбалерот Немања Гудељ, кај кој замина во посета.
И додека Анастасија на својот Инстаграм профил споделува фотографии и видеа од Севиља, каде нејзиното момче моментално игра, а друштво секојдневно ѝ прави неговата сестра, нејзиното поранешно момче на социјалните мрежи покажа дека има причина за славање.
Имено, тој сподели фотографија, на која како што на кумовите му ја честиташе приновата.
„Ви честитам кумови. Добредојде Мила“ - напиша Ѓорѓе на објавата.
фото: Принтскрин / Инстаграм