Додека Џастин го критикуваат поради изгледот, Хајли дава модни лекции: Дали ова се најубавите нозе во Холивуд?

Додека Џастин го критикуваат поради изгледот, Хајли дава модни лекции: Дали ова се најубавите нозе во Холивуд?

Објавена во: Мода // Moj стил

Познатата двојка беше фотографирана за време на вечера во еден ресторан во Холивуд...

Хајли Бибер со праов важи за една од најстилизираните дами, со што не уверува со секое ново појавување во јавноста.

Така беше и овој пат. Иако нејзиниот сопруг, пејачот Џастин Бибер е на мета поради својот изглед, Хајли блеска покрај него и дава нови модни лекции.

Познатата двојка по неколку месеци во карантин ужива во ноќниот живот, а пред неколку дена папараците ги фотографираа додека се упатуваа на вечера во еден ресторан во Холивуд.

Малку ќе биде доколку кажеме дека двајцата освојуваат - Џастин поради својот урнебесен имиџ и Хајли поради секси комбинацијата.

Овој пат, Хајли се одлучи за „оверсајз“ сако во боја на кожа, под кое носеше мини фустан. Манекенката во прв план ги стави своите витки, долги нозе, а многумина се сложуваат дека нејзините нозе се всушност едни од најубавите во Холивуд.

Целата комбинација ја надополни со сандали со високи потпетици, дискретен златен накит и чанта во боја на ванила.

Нема сомнеж дека Хајли е вистинска инспирација на многу девојки и жени кога станува збор за модата.

фото: Profimedia

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: