Доказ дека принцовите на Дизни се навистина чудни: Ѕверот има проблеми со контролата на бесот, а Аладин со лажењето

Доказ дека принцовите на Дизни се навистина чудни: Ѕверот има проблеми со контролата на бесот, а Аладин со лажењето

Објавена во: Stars // Филм

Предупредување: Ако не сакате да си ја уништите претставата за принцовите од детството, овој текст не е за вас...

Кога ги гледавме бајките на Дизни како девојчиња, замислувавме дека еден ден и ние ќе најдеме таков принц на бел коњ, како оној што дојде кај Снежана или Заспаната убавица.

Најчесто тие се шармантни, убави, добри, прекрасни, убави, храбри и богати, но сепак веруваме дека денес не би го прифатиле нивното додворување или покана за состанок.

Поради некои елементи во бајките, навистина се поставува прашањето дали овие принцови се добра можност за некоја девојка.

Подгответе се, бидејќи следните тези може да ви го уништат погледот на вашите омилени принцови на Дизни од детството:

# Аладин е патолошки лажго

Се сеќавате на Аладин и Јасмин и колку Аладин се преправа дека е некој што не е, само за да ја придобие. Ок, разбираме дека мораше да се прави богат, бидејќи во спротивно таткото на Јасмин немаше да го дозволи бракот, но дали навистина требаше толку да ја лаже самата Јасмин? Дали претпоставувал дека богата девојка може да сака само богато момче, дали имал идеја дека ќе го остави само ако дознае дека не е роден со „златна лажица“? Навистина, ако ти беше Јасмин, дали би сакал дечко ти толку многу да те лаже за себе и своето минато и да има предрасуди за тебе затоа што доаѓаш од повисока социјална класа? Ние не мислиме така, па го прогласуваме Аладин за патолошки лажго, кој не е добар материјал за врска или брак.

# Принцовите од Снежана и Заспаната убавица бакнуваат мртви девојки

Кога Снежана лежела мртва во стаклен ковчег, дошол принц кој не можел да одолее да ја бакне. Кога Заспаната убавица го сонувала својот стогодишен сон, повторно пристигнал принцот кој не можел да одолее да ја бакне Заспаната убавица, која можеби била мртва. Малку е чудно што принцовите се чувствуваат толку принудени да бакнуваат некој кој очигледно е мртов. Дури и ако се претпостави дека принцезите спиеле и тоа го почувствувале, не е многу џентлменски да бакнувате некого додека е во несвест без да прашате.

# Принцот на Пепелашка не ја препозна својата избраничка кога била несредена

Шармантниот принц од Пепелашка го крена целото кралство на нозе за да ја најде онаа што го изгубила стаклениот чевел. После долго пребарување, конечно ја здогледува Пепелашка, која не ја препознава, се разбира, сè до моментот кога таа ќе го проба чевелот кој толку совршено и стои. Принцот не ја препозна Пепелашка без прекрасниот балски фустан и фризура. Не знаеме дали Пепелашка имала толку многу шминка што принцот едноставно не ја препознал девојката во која се заљубил пред некоја вечер, но тоа е малку чудно во целата приказна. Излегува дека принцот на белиот коњ не може да ве препознае ако не сте дотерани.

# Ѕверот има проблеми со контролата на гневот

Од детството нè учат дека не мора да ги сакаме луѓето поради нивниот изглед, туку поради тоа што се во срцето. Ок, Убавицата сигурно не се заљубила во Ѕверот поради неговиот изглед, но реално, што е тоа во неговиот лик во кој би можела да се заљуби? Маѓепсаниот принц има напади на бес, поради што Убавицата се крие околу замокот и плаче. Да не заборавиме, покрај сето ова, дека Ѕверот сè уште ја држи заробена во својот замок, како заложник. Нè тера да се запрашаме дали Убавицата е навистина заљубена или страда од т.н „Стокхолмски синдром“ или создавање емотивна врска со киднаперот?

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: