Доказ дека парите не можат да купат статус во општеството: Погледнете го начинот на кој Ана Винтур ја изигнорира Ким Кардашијан
Ким Кардашијан (41) доживеа вистински кошмар во светот на модата. Имено, модниот гуру Ана Винтур (72) јавно ја изигнорира пред сите, а што е уште полошо – сето тоа е снимено и „постирано“ на интернет.
Додека беше на ревијата на Фенди за пролет 2023 година, Ким Кардашијан доживеа вистинска катастрофа кога пред сите беше игнорирана од Ана Винтур, уредничката на модниот магазин Вог.
Се случи вака: Ана Винтур дојде на модната ревија додека ја следеа фотографи и сниматели. Таа мавна со раката, а Ким мислеше дека „ледената кралица“ ѝ мава на неа.
Ријалити ѕвездата воодушевено почна да мавта и да се насмевнува, велејќи: „Здраво, како си?“. Таа дури се подготви да ја прегрне Ана. Меѓутоа, Ана целото внимание и прегратки ги насочи кон Сара Џесика Паркер (57) која стоеше до Ким.
Ким беше оставена настрана со замрзната насмевка на лицето, обидувајќи се да изгледа како да не ја допрел во моментот.
Камерата сними се, видеото веднаш стана вирално, а стотици луѓе испратија коментари со нивните ставови.
„Се чини дека парите не можат да купат статус во општеството“, е еден од коментарите на корисник на TikTok.
Познато е дека Ана Винтур не го поднесува семејството Кардашијан, но сите мислеа дека нашле нешто заедничко, со оглед на тоа што Ким имала дури три насловни страници во магазинот „Вог“.
Ким, исто така, присуствуваше на култната Мет Гала забава на Ана повеќе пати, почнувајќи од 2013 година. Но, се чини дека Ана сепак мисли дека Ким и покрај се не вреди за нејзиното внимание.
извор:стил.курир