Доколку ги правиш овие 5 работи кога си во друштво - пријателите мислат дека си лош/а
Станува збор за работи кои ги правиш несвесно, а кои ти стануваат навика.
Како се однесуваш додека си во друштво на пријателите? Доколку правиш некои од овие работи, можеби е време да престанеш да ги правиш, бидејќи освен што е непристојно, на пријателите им покажуваш дека не ти е гајле за нив.
# Не ги забележуваш малите работи кои ги прават за тебе
Да кажеш на пример „благодарам“ кога пријателката ќе направи нешто убаво за тебе е ситница, но на неа ќе и биде драго да го чуе тоа и ќе и покажеш дека го цениш и најмалиот гест. Зошто е важно ова? Запамети дека никој од твоите пријатели не ти должи што ти е пријател, сите во твојот живот се доброволно тука и затоа си им драг/а.
# Пишуваш на мобилниот додека пријателите нешто зборуваат
Што може да биде толку важно на мобилниот, за да не можеш да слушнеш што ти зборуваат пријателите, личностите до кои ти значат нешто во животот? Ништо. Ова е една многу лоша и иритантна навика која многу луѓе ја имаат денес, а да не ја забележуваат. Со оваа постапка кажуваш дека поважно ти е она што е на екранот, отколку личноста со која се дружиш во моментот.
# Зборуваш лошо за нивните други пријатели
Сите имаме пријатели чии други пријатели не ги поднесуваме. Не можеме да бидеме океј со сите и тоа е во ред. Но, тоа не значи дека мора да зборуваш негативни и лоши работи за тие други пријатели. Со озборувањето на тие пријатели им покажуваш на твоите пријатели дека постои можност истото да го зборуваш за нив пред други луѓе.
# Лажеш
Доколку пријателката во продавница пробува фустан и не и стои убаво, сигурно ќе го цени тоа доколку и го кажеш, а не да ја лажеш само за да не ја повредиш. Повеќе ќе ја повредиш со лагата отколку со вистината. Ист е примерот и кога мораш да откажеш некој ваш догоовор, бидејќи имаш состанок или едноставно не ти се излегува од одма, бидејќи те има фатено мрза. Кажи ја вистинската причина - не лажи.
# Секогаш доцниш
Иако во твојата глава тоа е симпатично, бидејќи те знаат како „онаа која секогаш доцни“, не е баш така. Константното доцнење е дури и навредливо. Пријателите тоа може да го сфатат како знак дека не ти е грижа за нив. Затоа, потруди се да дојдеш на време.