Доколку го изгледав видеото на Бака Прасе можеби минимално би ги сменил ставовите: Стефан Лазаров за јутјуберката Кика
Смртта на популарната јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ ја потресе Јутјуб заедницата. Голем број јутјубери од Балканот го кажаа својот став на оваа тема, но и многу од нив проговорија за тоа колку притисокот и интернет насилството влијаело на нив.
Еден од јутјуберите кои зборуваа на оваа тема е и нашиот јутјубер Стефан Лазаров, кој вчера објави видео на оваа тема.
„Видеото е снимено на 11.12 - ВЧЕРА околу 21:00 часот, 1 час пред да се објави видеото на БАКА ПРАСЕ... Доколку го изгледав и имав можност да го искоментирам можеби минимално би сменил некои работи во моите ставови. Но, 95% тоа што ќе чуете... го кажува од срце“ - напиша јутјуберот на почетокот на видеото, приложувајќи принтскрин како доказ за тоа дека ја зборува вистината.
Што сѐ кажа Лазаров, погледнете во видеото во продолжение: