Докторите кажале дека никогаш нема да може да оди: Ова девојче ги победило сите црни прогнози
Девојче со церебрална парализа ги победило црните прогнози на докторите...
Девојче со церебрална парализа од Сиднеј ги надмина прогнозите на лекарите со тоа што почнала сама да оди. Нејзината приказна инспирира илјадници луѓе да гледаат на животот поинаку.
Шестгодишната Изабела има спастична диплегија, која е форма на церебрална парализа со поизразена спастичност на долните екстремитети. Тоа значи дека на девојчето му е потребна инвалидска количка или нечија помош за да се движи наоколу.
Додека ги прави првите чекори, вели „Тоа е малку страшно и возбудливо во исто време“. Изабела додава: „Наскоро сакам да одам сама без мама воопшто да ме допира“.
Во декември 2016 година, нејзините родители ја однеле во Соединетите Американски Држави на операција наречена Селективна дорзална ризотомија (SDR), во која хирург пресекол делови од абнормалните нерви кои ги поврзуваат мускулите со 'рбетниот мозок, а со пресекување на тие сигнали, мускулите може да се опуштат.
По оваа напорна и тешка операција, ѝ биле потребни 3 месеци за да закрепне, по што започнала со физиотерапија и хидротерапија за да ги репрограмира моделите на движење на мускулите и да изгради сила.
Изабела се движела со помош на бастуни во декември 2017 година, на петгодишна возраст, исто така возеше модифициран велосипед и трчала во своето дубало. Но, во 2018 година, Изабела беше подложена на третман со матични клетки во Мексико, интензивна физикална терапија во Тексас и неколку физикални терапии во Сиднеј, поради што може и да стои, да направи 55 чекори во базен сама и да оди неколку чекори сама со нечија помош. Состојбата ѝ е сѐ подобра секој ден.
Ова девојче со церебрална парализа надминало уште една пречка во 2018 година кога тргнало на училиште. Карен Роуз, нејзината учителка во градинка, рече: „Она што е навистина посебно за Изабела е фактот што таа навистина работи на нешто, не се откажува, никогаш не се жали и само продолжува“.
Семејството на Изабела планира да објави документарен филм за нејзиното патување, да основа фондација и исто така да ги измени донираните велосипеди за да им ги даде на другите деца со церебрална парализа.
фото: Принтскрин / Инстаграм