Докторка предупреди со што девојките си ја уништвуваат косата: Грешки кои ги правиме, а кои би можеле да не чинат (ВИДЕО)

Докторка предупреди со што девојките си ја уништвуваат косата: Грешки кои ги правиме, а кои би можеле да не чинат (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Прочитај ги советите од експертката и дознај што не би требало да правиш на својата косата...

Тејлор Роуз е сертифициран трихолог. 

За да не го истражување значењето на зброот, ќе ви откриеме дека таа е доктор по медицина која е специјализирана за дијагностика и лекување на состојби на косата и скалпот.

Оваа докторка има и Инстаграм профил со 390.000 следбеници, каде споделува објави и совети поврзани со негата и одржувањето на косата.

Затоа, во едно од нејзините видеа таа одлучи да ги предупреди девојките и жените на 5-те типични грешки кон кои се склони, а кои косата ги мрази.

# Немој да претеруваш со пунџи

Иако сите ја сакаме таа фризура, бидејќи можеме да ја скротиме косата и да го покажеме лицето, оваа докторка предупредува дека оваа фризура не треба да ја носиме почесто од еднаш неделно. Имено, поради претераното затегнување на косата, може да дојде до т.н. „влечна алопеција“.

# Заборавете на еластичните ластичиња за коса

Секако дека косата ја врзуваме во опавче, бидејќи тоа ни е практично. Меѓутоа, сите оние неквалитетни ластичиња ги кинат нашите влакна. Наместо тоа, би било подобро да си купиш ластичиња со свила или сатен. Тоа се материјали кои косата ги обожава.

# Никогаш не пливај во базен со сува коса

Кога со сува коса ќе влезеш во базен, тогаш таа ги впива сите оние хемикалии и хлор. Поради тоа, докторката Тејлор препорачува да ја намокриш косата пред да влезеш во базен. Уште подобар предлог е да имаш капа за пливање.

# Не спиј со мокра коса

Спиењето со мокра коса може да предизвика многу штета. Мократа коса многу често е чувствителна, а во текот на спиењето се разместување, па косата во такви услови, многу лесно пука.

# Немој да ја фенираш косата веднаш по миењето

Веќе го знаеме податокот дека мократа коса е најчувствителна. Поради тоа мораме да престанеме да изведуваме штетни активности на мокра коса, како што е изложувањето на топлина. Докторката препорачува дека 85 отсто од косата треба да се исуши по природен пат, па дури потоа да се суши со фен.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: