Докторки, балерини, професорки, претприемачки: Девојки и сопруги на познатите фудбалери кои имаат успешни кариери
Ова се девојки кои ги рушат сите стереотипи за девојките и сопругите на фудбалерите...
Стереотип е дека фудбалерите сакаат исклучиво манекенки или уште полош е оној кој вели дека девојките на фудбалерите не мора да работат ништо.
Девојките од нашата листа се убави, исто како манекенките, но тие исто така се успешни во професиите со кои се занимаваат. Амбициозни се и паметни и нивните момчиња и сопрузи се горди на нив.
# Сара Ботељо
Оваа балерина е во врска со фудбалерот Ајмерик Лапорт. Лапорт е роден во Франција, но благодарение на баскиските корени игра за шпанската фудбалска репрезентација. Медиумите се воодушевени од неговата девојка балерина. Двојката живее хармонично и се голема поддршка еден на друг, а тоа можеме да го видиме преку објавите кои ги споделуваат на нивните Инстаграм профили.
# Беатрис Еспејел
Јавноста е воодушевена од нејзиниот изглед, но таа кариерата не ја гради на убавина. Таа е професорка по англиски јазик и физичко образование и е во брак со фудбалерот Хорхе Ресурексјон Меродио, попознат како Коке. Оваа Шпанка го отвори и раководи училиштето за странски јазици „International academy of languages“.
# Тини Стоесел
Аргентинскиот фудбалер Родриго Пол често е во центарот на вниманието поради турбулентниот однос со Тина. Раскинуваат, па повторно се смируваат и така во круг. Тини е пејачка и актерка која стана популарна по улогата на Виолета Кастиљо во серијата „Violetta“ на Дизни.
# Ирина Гонзалес
Убавата Ирина е девојка на аргентинскиот фудбалер Матео Мусакио. Таа е и докторка која на својот Инстаграм профил повремено објавува фотографии од операционата сала.
# Оријана Сабатини
Често ја нарекуваат „аргентинската Мадона“. Таа е пејачка и актерка, а е во врска со фудбалерот Пол Дибала. Своето актерско образование го добила на Филмската академија во Њујорк. Има глумено во теленовели, беше амбасадор на брендот „L'Oreal“, а исто така има издадено и неколку песни. Пееше и на турнејата на Ариана Гранде, а токму оваа соработка доведе до познанството и љубовта со Пол.
# Пејџ Милан
Партнерката на англискиот фудбалер Рахим Стерлинг има своја компанија за недвижнини наречена „Milian Property Group“. Таа е сметководител и вистински експерт за недвижнини. Двојката има два сина - Тиаго и Тај.
# Изабел Ковачиќ
Изабел и Матео се венчаа во 2017 година, а во 2020 година го добија синот Иван. Изабел дипломирала економија и е сопственик на брендот за детска обелка „Lunilou“. Станува збор за 100 проценти органска облека, без вештачки бои, наменета за нежната детска кожа.
# Миа Ќурковиќ
Миа нема Инстаграм и ја чува својата приватност од очите на јавноста. Сопругата на Андреј Крамариќ е доктор по ветеринарна медицина. Двојката е во брак од 2017 година и го имаат синот Виктор.
фото: Принтскрин / Инстаграм