Долга коса, кики и розова облека: Може ли да ја препознаете пејачката која денес слави роденден?
За себе вели дека не се променила многу откако била мала...
На социјалните мрежи пред некое време се појави фотографија од детството на Марија Шерифовиќ, а нејзините следбеници се воодушевија кога видоа во розова боја и со кики.
Марија кариерата не ја градеше на скандали, напротив, иако нејзините родители и самите се големи ѕвезди, никогаш нема зборувано за своето детство.
Некои детали од минатото откри во својот документарец кој беше прикажуван на телевизија, а сега на социјалните мрежи се појави фотографија на која Марија има само 3 години, а следбениците се сложуваат дека не им било лесно да препознаат за кој станува збор.
ni za 3 života pic.twitter.com/vui96XC8tI
— Stevan Kurbalija (@BeastOfBelgrade) September 13, 2021
Марија, која е препознатлива по својот спортски стил, на фотографијата позира со долга коса собрана во две кики и во пастелно розово издание. Пејачката оваа фотка ја искоментира во свој стил:
„Всушност воопшто се немам променето. И јас седам, се нервирам кога некој ме фотографира, исто сакам само јапонска цреша, исто така сум тврдоглава, најдраг стил ми се кратките панталони, маици и патики... Хммм, можеби некои работи сум можела и поинаку. Можеби некои луѓе сум можела да ги избегнам. Можеби во некој момент сум требала да се однесувам малку помудро. Можеби сум можела да бидам малку помалку ѓубре кон некои луѓе. Можеби кон некои би можела да бидам малку поголемо ѓубре... можеби. Но, кога ќе соберам и одземам, задоволна сум во каква личност израснав и секако секој ден вежбам да бидам уште подобра.“
Инаку, денеска познатата пејачка и евровизиска победничка слави роденден. На нејзините профили цел ден пристигнуваат честитки по повод 37-от роденден.