Долгонајавуваната опција пристигнува на Фејсбук и Инстаграм: Што ќе се случува со лајковите?

Долгонајавуваната опција пристигнува на Фејсбук и Инстаграм: Што ќе се случува со лајковите?

И понатаму ќе има можност да се гледа кој ги ни „лајкнал“ содржините, но ќе мора сами да ги броиме лајковите...

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм наскоро ќе воведат можност да се сокрие бројот на лајкови под објавените содржини.

„Постои страна на која корисниците ќе може да читаат и да гледаат содржини и страна за споделување на содржини. Ќе може да ги контролирате и двете страни“ - кажа на конференцијата за новинарите директорот на Инстаграм, Адам Мосери.

И понатаму ќе има можност да се гледа кој ги ви „лајкнал“ содржините, но ќе мора рачно да ги преброите лајковите.

Лудилото по лајковите веќе подолго време ги загрижува психолозите, особено кога станува збор за менталното здравје на адолесцентите кои секојдневно се изложени на разубавената или целосно вештачката визија за околината и светот околу нив, а да не ги споменуваме ризиците од вознемирување на Интернет.

„Лоши работи се случуваат на Инстаграм, ние ги гледаме“ - кажа Мосери. „Со милијарда луѓе кои ја користат апликацијата, имаме пресек на целото човештво, и добри и лоши момци“ - додаде тој.

Меѓутоа, на крајот сепак не е одлучено за потполно да се отстрани можноста за „лајкување“. Новата опција нема да ја смени работата на алгоритамот кој одбира кои пораки ќе ви се појавуваат.

Системот предвидува кои содржини го интересираат секој корисник на основа на бројните критериуми, вклучувајќи го бројот на лајкови, но и вкусот, навики и друго.


Можеби ќе ве интересира: