Најубавата домашна работа за летниот распуст: Наставничка напиша што не смеете никако да пропуштите додека сте на распуст
Наставничка од Србија им подготви супер поучен водич на учениците за летниот распуст, или како што таа го нарече - Домашна задача за време на летниот распуст.
Во него таа напиша 18 работи кои никако не смеете да ги пропуштите летото.
- Види барем едно изгревање на сонцето!
- Научи да играш некоја нова друштвена игра!
- Остани во контакт со другарите од одделението!
- Една ноќ оди подоцна на спиење!
- Пливај во базен!
- Посети едно село или град во кој не си бил!
- Набљудувај ги облаците!
- Прочитај барем две книги или стрип!
- Стекни барем еден нов другар!
- Вози велосипед или ролерки!
- Оди бос по тревата!
- Напиши/раскажи барем една приказна!
- Вежбај математика!
- Научи да подготвуваш некое јадење со некој повозрасен!
- Кога ти е досадно - читај!
- Одгледај барем еден филм со семејството!
- Кажи му на некој дека го сакаш!
- Смеј се додека стомакот и образите не те заболат!
И запаметете, не учиме за оценки туку за живот!
- вашата наставничка Зока
- вашата наставничка Зока