Домот на Ким Кардашијан се претвори во куќа на стравот: Черепи, скелети и зомби од кои ќе се наежиш (ВИДЕО)
Сигурно има најморничава куќа во квартот...
Планетарно популарната Ким на Инстаграм покажа како го уредила својот дом за Ноќта на вештерките.
Сè е бело и како од хорор филм. Огромните стебла направени од скелети и луѓе со качулки кои седат околу оган, черепи над нејзината влезна врата и раце од мртовци кои ѕиркаат од земјата со пригушени светла, ќе заплашат секого.
Од сите украси, на Ким омилени ѝ се гипсените раце, кои ги изработиле нејзините деца, внуци и пријатели. Меѓутоа стотината раце, тука се и нејзините, за кои низ смеа вели дека се препознаваат по долгите нокти.
„Имаме навистина морничава ситуација дома“ - вели Ким.
Таа, навистина се има потрудено да го подготви својот дом за најстрашната ноќ во годината, но тоа е за очекување. Знаеме дека ја сака Ноќта на вештерките, бидејќи секоја година воодушевува со своите иновативни и креативни костими.
фото: Принтскрин / Инстаграм