Донација од Нектар: Фруктал производи за Инфективната клиника

Донација од Нектар: Фруктал производи за Инфективната клиника

Објавена во: После „Школо“ // PR

Во оваа тешка ситуација во која се најде целата планета, компанијата Фруктал заедно со својот партнер во Македонија, компанијата „Кола“ одлучи да им помогне на пациентите на инфективните клиники во Скопје, Штип, Дебар и Куманово, на медицинскиот персонал, како и на најранливите категории на граѓани, граѓаните кои немаат дом, и да донираат повеќе од 14.000 од своите производи.

„Среќни сме што можеме да помогнеме на некој во оваа ситуација, ситуација тешка за сите нас, а посебно на оние, ширум целата држава, на кои во овој момент помошта им е најпотребна. Сметаме дека во ова време треба сите да дадеме максимум, да си помогнеме едни на други за да победиме заедно во оваа битка. Се надеваме дека и други компании кои се во можност ќе ни се придружат“ истакнаа од компанијата Фруктал.

Во оваа акција вклучен е и Црвениот Крст на град Скопје и град Штип кој помогна во доставата на овие производи до оние на кои сега им се најпотребни.

Компанијата Фруктал е дел од групацијата Нектар која е присутна во целиот регион и има фабрика која се наоѓа во Скопје.

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: