Доста време ерген одев: Виктор Апостоловски со изненадување ја запроси својата девојка во Истанбул (ВИДЕО)
Познатиот пејач Виктор Апостоловски „рипна во тавче“
Познатиот пејач од Битола, кој го запознавме од музичкото натпреварување „Македонски идол“, вчера вечер на патување во Турција ја запроси својата сакана Милена Доневска.
Имено додека таа мислеше дека тој ја фотографира со Босфор, Виктор го снимаше моментот кога клена на колена и ѝ го покажа вереничкиот прстен. На свој препознатлив начин ја праша:
„Ај добровечер, дали Вие драга дамо ќе го земите овој младич што клечи овде, колените што го болат од од одење низ Истанбул низ Стамбол град“, додека девојката возбудена викаше „Да,да“, а тој ѝ возврати „ И тој ве зема вас да ви кажам право“.
На видеото кое го објави симболично напиша „Доста време ерген одев“.