Доживеал голема трагедија, сакал да се убие поради пејачка: Официјално, ова е новото момче на Ким Кардашијан

Доживеал голема трагедија, сакал да се убие поради пејачка: Официјално, ова е новото момче на Ким Кардашијан

Објавена во: Stars // Филм

Како што пренесуваат американските медиуми, Ким Кардашијан и актерот и комичар Пит Дејвидсон официјално се во врска! Кој е 13 години помладиот маж кој ја освои најпознатата жена на светот?

Откако Ким во текот на неодамнешното гостување во емисијата „Saturday Night Live“ пред камерите во еден момент се бакна со Пит, тие се видени и како се држат за раце за време на едно возење во забавен парк, а потоа уште неколку се уловени во неговиот роден Њујорк, а заедно го прославија и роденденот на Пит во Калифорнија.

Сега пристигнува и потврда од извори блиски до двојата дека тие, без никаков сомнеж се во врска.

„Навистина се среќни и гледаат каде води сево ова“ - кажа за „E!“ неименуван извор близок до Кардашијанс.

Иако живеат на различни краеви во Америка, Ким и Пит се одлучни за нивната врска да успее и да се гледаат редовно.

Дејвидсон моментално престојува во Палм Спрингс, каде Крис Џенер, мајката на Ким има луксузна вила, а папараците ги забележале таму како се шетаат фатени за рака.

Ова е сè што се зане за нивната врска, но кој е всушност Пит Дејвидсон?

Младиот актер и комичар зад себе има неколку десетина улоги, а првата ја имаше во серијата „Brooklyn Nine-Nine“, каде се појави во една епизода. Тој долго време бил редовен член на емисијата „Saturday Night Live“, во која и сега се враќа често, а негов најпознат проект во кој имаше главна улога е филмот „The King of Staten Island“.

Токму овој дел од Њујорк е местото на кое Дејвидсон израснал, а неговото детство го одбележила трагедија: неговиот татко бил еден од пожарникарите кои починале за време на терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во Њујорк. Дејвидсон тогаш имал само 7 години, а овој настан бил трауматичен за него и често зборува за тоа колку загубата на татко му влијаела на неговиот живот и менталното здравје. Како што откри подоцна во едно интервју, бил проблематичен како момче и ја кубел косата додека не останал потполно гологлав.

Дејвидсон има две хронични дијагнози: гранично растројство на личноста и Кронова болест и поради нив добива редовна терапија, покрај која користи и медицински препишана марихуана. Во минатото бил зависник од наркотици и алкохол, но од својата 24-та година е трезен и попосветен на своето здравје, а неодамна отри и дека почнал со „отстранување“ на некои од неговите 40 тетоважи. Една од нив е посветена на Хилари Клинтон, која Пит ја смета за хероина.

Покрај својата работа, во светот е најпознат и како еден од најголемите заводници, бидејќи пред Ким беше поврзуван со Кејт Бекинсејл, Маргарет Кволи, Каја Гербер, Фиби Диневор... Најпозната е неговата врска со пејачката Ариана Гранде, со која се вери по само еден месец врска, а по разделбата Пит најави самоубиство на Инстаграм и го избриша профилот, по што мораше да интервенира полицијата.

Дејвидсон и Ким во вилата на Крис Џенер во Палмс Спрингс го прославија 28-от роденден.



Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: