Во исти пижами, го прославија неговиот роденден: Ким Кардашијан со една фотка ја потврди врската со проблематичниот комичар
Иако неодамна ја демантираше врската со Пит Дејвидсон, Ким Кардашијан го прослави 28-от роденден на комичарот со него, а заедничката фотографија изгледа ја потврди нивната врска.
Неодамна се појави информација дека Ким Кардашијан си нашла ново момче.
Приказните почнаа да кружат откако на интернет се појавија фотографии на кои таа се држи за рака со проблематичниот комичар и заводник на познатите убавици Пит Дејвидсон.
Тој беше еден од нејзините партнери во некои скечеви во „Saturday Night Live“, каде неодамна таа се ипроба како водителка. И се' започна токму таму кога тие се бакнаа.
Дејвидсон на јавноста ѝ е познат и по врските со Аријана Гранде, Каја Гербер, но и со Фиби Диневор, ѕвездата од серијата „Бриџертон“, во која наводно се заљубил откако ги видел нејзините секси сцени.
Па, по гласините, иако Ким негираше дека е со Пит, сепак, најновата заедничка фотографија дефинитивно го кажува спротивното. Пит го прослави својот 28 роденден, а на прославата беше и Ким Кардашијан но и нејзината мајка.
Покрај тоа, Ким, Пит и Kрис Џенер позираа во исти пижами и се чини дека славниот пар е поблизок од кога било.
„Па, тие се заедно, ова е доказ“, „Види ја Ким како седи до него, тие се пар“, „Зошто го прослави роденденот со неа? Тој е дефинитивно нејзиниот нов дечко“, „Тие носат исти пижами, убави се заедно“, се само дел од коментарите.
извор:wanted.mondo