Дознајте како би изгледале доколку би биле холивудска ѕвезда!
Секогаш сте се замислувале како холивудска ѕвезда? Ве интересира како би изгледале во таа ситуација? Сега тоа може да го проверите на новата апликација на Фејсбук. Добрата забава е загарантирана.
Фејсбук објави нова апликација, а благодарејќи на истата сите ќе може да видиме како би изгледале како вистински холивудски ѕвезди. Некои сонуваат за тоа, на некои не им е ни на ум, но бидејќи е во прашање само забава, апликацијата секој може да ја испроба и да провери како би изгледал кога би бил секогаш дотеран како ѕвезда.
Потребно е да отидите на апликацијата FaceApp, да изберете фотографија од својот профил на која со лицето гледате во камерата.
Откако ќе се прикачи фотографијата, за неколку секунди ќе ви се појави „средената“ фотка. На некои само ќе им го „испегла“ лицето, на некои можеби ќе им зголеми или намали дел од телото, но на крајот секако ќе биде забавно.
Па, доколку ве интересира како би изгледале, доколку би биле филмска или музичка ѕвезда - пробајте ја оваа апликација.