Драг Дедо Мраз оваа година ми треба повеќе од магија: Новогодишните писма открија колку пандемијата влиаје на децата
За тоа како пандемијата на коронавирусот влијаеше врз децата, може да се забележи од писмата што ги испратија до Дедо Мраз оваа година. Многу од нив, насловени како „Драг Дедо Мраз“, пристигнуваат по пошта на југозападот од Франција, каде што се подредени, а одговорите патуваат назад низ целиот свет.
Оваа година, децата испратија десетици илјади писма, белешки од карти, на разнобојни хартии, напишани во моливи во боја, со свои желби. Џим, од Тајван, стави маска за лице во честитката што му ја испрати на Дедо Мраз. Алина (5) во своето писмо до Дедо Мраз, напишано со помош на возрасно лице, бара да ја користи влезната врата кога ќе влезе, бидејќи задната врата е резервирана за баби и дедовци со цел да се минимизира ризикот од контаминација со вирусот корона, пишува „Асошиејтед прес“.
Во Бордо, Франција, поштата добива писма за Дедо Мраз од 1962 година. Вработените кои ја собираат пошта за Дедо Мраз се нарекуваат „џуџиња“. Секоја година, тие го поминуваат месецот ноември и декември, отворајќи пликови украсени со срца, налепници и ширејќи ја магијата на Дедо Мраз, одговарајќи на писма во негово име.
Имаше и писма од возрасни обожаватели, кои од Дедо Мраз бараат пауза и среќа во година на болест и немири.
„Од првите писма што беа отворени во секретаријатот на 12 ноември, брзо стана јасно како пандемијата влијае на децата. Покрај вообичаените барања за играчки и уреди, имаше и барања поврзани со вакцини, посети на баби и дедовци, како и барање да се вратат во животот што го живееле порано“ - рече Хаџи, еден од вработените во секретаријатот.
Таа исто така додаде дека Ковид пандемијата влијаеше на децата повеќе отколку што мислиме. Тие се многу загрижени. И, она што тие го сакаат најмногу, освен подароците, е дека навистина можат да имаат нормален живот.
„Писмата за нив се радост. Тие беа во затвор цела година, лишени од училиште, лишени од бабите и дедовците. Нивните родители беа преоптоварени од здравствена криза. Можеме да кажеме дека децата со зборови пренесуваат сè што чувствувале во овој период. Ние сме како елф терапевти“ - рече Хаџи.
Одговарајќи на 12.000 писма на ден, тимот од 60 џуџиња издвојува некои што ги придвижуваат или им паѓаат во очи. Лола е меѓу оние кои досега се истакнаа, со своето искрено признание пред Дедо Мраз, напиша: „оваа година, повеќе од другите, ми треба магија и да верувам во тебе“.
Ема Барон, психијатар специјализиран за ментално здравје на деца и адолесценти во детската болница Роберт Дебре во Париз, вели дека значајните датуми, вклучувајќи родендени и празници како Божиќ, даваат структурна поддршка во детството.
Среде несигурноста на пандемијата, Божиќ е особено важен за сите деца оваа година.
Децата можат да се прилагодат на многу работи, но празничните ритуали и слични работи се составен дел од менталната стабилност на децата. Писма доаѓаат и од возрасни.