Драгана е подготвена за нови победи во „Ѕвездите на Гранд“: Марија Шерифовиќ откри со која песната ќе се претстави младата струмичанка (ВИДЕО)

Драгана е подготвена за нови победи во „Ѕвездите на Гранд“: Марија Шерифовиќ откри со која песната ќе се претстави младата струмичанка (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Драгана во шестиот круг ќе пее песна на македонски?!

Оваа сабота започнува шестиот круг од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Во шоуто бројот на кандидатите од Македонија се намали, а една од оние што се изборија за пласман е младата струмичанка Драгана Костова, која е во тимот на Марија Шерифовиќ.

На почетокот на оваа недела, познатата српска пејачка на својот канал на Јутјуб сподели видео под наслов „Подготвени за шестиот круг“, во кое ги снимаше своите кандидати за време на една од пробите.

Во ова видео се појавува и нашата Драгана која не ја криеше возбудата од претходниот круг и задоволството што и понатаму може да учи од евровизиската победничка.

Покрај краткиот разговор, во видеото Марија откри како звучи струмичанката додека ја пее песната „По тебе“ од Тоше Проески. Дали оваа песна навистина ќе ја пее во шестиот круг или Шерифовиќ не наведе да размислуваме во погрешен правец, останува да видиме во некоја од следните емисии, кога Драгана ќе застане на сцената на „Гранд“.


Може да ве интересира:

Ја имаше честа да го отвори петтиот круг: Драгана Костова настапи прва и уште еднаш заблеска на Грандовата сцена (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: