Драма: Јутјуберка на црвениот тепих дојде со наводно украден накит (ФОТО)
Таа не го направи тоа намерно, но ова е вистинска драма.
Мет Галата помина, но сè уште не престануваме да зборуваме за комбинациите кои можевме да ги видиме на црвениот тепих.
А сега во центарот на вниманието е јутјуберка која наводно се појавила со украден накит.
Секако, таа не е виновна за целата приказна бидејќи сама не избра што да облече. Кога станува збор за големи настани како Мет Гала, дизајнерите и стилистите се задолжени за комбинациите на облека.
А Ема Чембрлин се најде во среде драма оваа година. Затоа што не може да престане да се зборува за наводно украдениот ѓердан кој таа го носеше!
Таа носеше дијамантски чокер од брендот Картие, чија цена е многу висока бидејќи на неа има речиси 3.000 дијаманти. Ема изгледаше одлично и се ќе беше супер да не започнеше приказната за ланчето на кралското семејство од Индија, пишува Yahoo. Поточно, огрлицата му припаѓала на Махараџа Бупиндер Синг од Пасијал, еден од најбогатите луѓе во светот во 1900-тите.
Наводно, ѓерданот го украле Британците бидејќи ненадејно се појавил во Лондон во 1998 година. Ѓерданот можете да го видите на сликата погоре, но и овде кај Ема Чембрлин. Ако ги споредите фотографиите, ќе видите дека тоа е истиот ѓердан.
Жолтиот дијамант во средината е еден од 7-те најголеми дијаманти во светот! Имаше критики на социјалните мрежи дека не е во ред јутјуберка која не е ни Индијка да носи накит што всушност му припаѓал на кралот кој владеел со Азија. Ваквите работи се игнорираат бидејќи се работи за Индија, истакнаа некои. Луѓето се лути и мислат дека ова е непочитување на азиската култура и дека тоа во никој случај не е нешто што треба да се дозволи. Ема веројатно немала поим за можното потекло на ланчето и поради тоа непланирано се најде во центарот на драмата.
извор:teen385