Драма на аеродром поради невнимание: Сестрата на Наташа Беквалац ја вратиле поради неисправен пасош

Драма на аеродром поради невнимание: Сестрата на Наташа Беквалац ја вратиле поради неисправен пасош

Објавена во: Живот // Живот

Сестрата на Наташа Беквалац, Кристина Беквалац доживеа вистинска драма на аеродром кога наместо новиот пасош со себе го земала стариот кој ѝ бил истечен, пренесуваат медиумите.

Имено, како што пишуваат медиумите, Кристина уредно ги спакувала своите куфери и отпатувала во Шпанија, заедно со Наташа, меѓутоа, таа наводно е вратена од аеродром поради тоа што со себе го имала само стариот пасош, кој ѝ бил истечен пред една година.

„Кристина и Наташа заминаа на Ибица за Наташа да снима спотови за новите песни. Со нив беше целиот тим на пејачката, но на пасошката контрола забележале дека овој документ на Кристина ѝ е истечен пред една година. Тогаш настана хаос. Кристина потоа ја вратија од аеродром“ - раскажува добро известениот извор за српските медиуми.

Беквалац потоа се вратила дома, го земала својот нов пасош и заминала на Ибица.

„На сите им олесна кога стигна на Ибица, па започнаа со снимањето на спотовите. Веќе заборавија на целата драма, па во паузите уживаа во омилените коктели на песочните плажи. Иако на островот се за работа, тие најдоа време и да посетат неколку забави“ - заврши изворот за „Инфрмер“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: