Драма на Јутјуб сцената: ТикТокерка го обвини Џејк Пол за сексуално злоставување
Парадајс има 524.000 следбеници на ТикТок, а Џејк ја запознал преку заеднички пријатели кои ја повикале во неговиот дом. Потоа си ги размениле броевите и започнале да се допишуваат и дружат. За време на еден од тие денови, според Џастин, сѐ тргнало наопаку.
Нов скандал го потресе светот на Јутјубот. ТикТок ѕвездата Џастин Парадајс, го обвини јутјуберот Џејк Пол дека сексуално ја злоставувал, пишува „People“.
20 - годишната Џастин за наводното злоставување проговорила во своето Јутјуб видео долго 20 минути, во кое ја раскажала приказната за тоа што ѝ направил Џејк. Таа наведе дека јутјуберот на присилил на орален сексуален чин во јули 2019 година. Исто така кажа дека овој чин се одвивал за време на посетата на неговата куќа во Калифорнија, каде што живее и работи со пријателите.
Според Џастин, во моментот кога влегла во куќата морала да потпише договор за молчење, во кој им е забрането на посетителите да зборуваат што се случува во домот на Јутјуб ѕвездата, па долго верувала дека не смее ништо да зборува.
Парадајс има 524.000 следбеници на ТикТок, а Џејк ја запознал преку заеднички пријатели кои ја повикале во неговиот дом. Потоа си ги размениле телефонските броеви и започнале да се допишуваат и дружат. За време на еден од тие денови, според Џастин, сѐ тргнало на лошо: „За време на едно снимање Џејк ме однесе во ќошот и почна да ме бакнува. Му дозволив, бидејќи мислев дека е сладок“ - кажа таа.
Кога ја однел во соба, Џастин тоа го прифатила, бидејќи знаела дека нема да се случи ништо што е поврзано со сексуален чин. Барем претходно никој не ја присилувал на нешто што не сакала, но како што вели во видеото, Џејм бил врз неа и ја присилил на орален секс.
„Џејк не ме праша за дозвола, тоа не е во ред. Тоа не е исправно на ниту едно ниво.“
Џејк сѐ уште се нема огласено по повод обвинувањата, а како што кажа ТикТокерката се однесувал ладно потоа и не ѝ се ни извинил.