Другарка на починатата јутјуберка јавно откри детаљ кој ќе ве потресе: Тој ден беше роденден на нејзината мајка
Јутјуберката и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ е пронајдена мртва на 9 декември, во станот во кој живеела во Белград, а нејзиниот погреб ќе биде одржан денес, на белградските гробишта „Лешче“.
Откако Кика беше пронајдена мртва веднаш се појавија шпекулации дека девојката извршила самоубиство, меѓутоа, семејството ги демантираше тие наводи во официјално соопштение, каде нагласи дкеа уште нема никакви официјални докази за тоа што навистина се случило.
Нејзината пријателка Мина Деа Аврамовиќ откри дека Кика не била суицидна, и дека на тој трагичен ден ѝ било роденден на нејзината мајка, што, според нејзините тврдења, е само причина плус да не се верува во приказните дека Кика одлучила да посегне по својот живот.
„Информацијата која јавноста најверојатно не знае, е дека на тој ден беше роденден на нејзината мајка... А, Кика дефинитивно не е личност која, дури и да го направила тоа, а не знаеме уште што точно се случило, не би го направила на денот кога е родена нејзината мајка. Секако дека нешто се случило, но тоа сега е во рацете на полицијата, патолозите и доктирте да откријат што се случило, а ние можеме само да погодуваме, што мислам дека ќе доведе до нови проблеми“ - заклучи другарката на починатата јутјуберка за „Hype“ ТВ.