Другарството ѕвездите на Дизни заврши: Деми Ловато ја откри причината
Поранешните ѕвезди на Дизни беа најдобри другарки во младоста, но со текот на годините ова пријателство полека почна да бледее.
Неодамна, обожавателите се прашуваа дали овие две пејачки некогаш повторно ќе бидат видени заедно и дали и понатаму другаруваат. Меѓутоа, Деми одлучи да застане на патот на сите озборувања.
„Ја сакам Селена, ја познавам од 7 години. Кога ќе пораснеш со некој, секогаш ќе ја сакаш таа личност. Но, повеќе не сме пријателки. Јас секогаш ќе ја сакам и посакувам сѐ најдобро“ - кажа таа.
Селена и Деми започнаа да се дружат за време на снимањето на серијата „Barney & Friends“ во далечната 2002 година, а покрај тоа заедно глумеа и во филмот на Дизни, „Princess Protection Program“ во 2009 година.