Другата ќерка на Здравко Чолиќ уште ја немате видено: Убавица е како Уна, а на 15 години веќе објавува фотки со момчето

Другата ќерка на Здравко Чолиќ уште ја немате видено: Убавица е како Уна, а на 15 години веќе објавува фотки со момчето

Објавена во: Живот // Живот

Наследничките на пејачот се популарни во јавноста поради фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи...

Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, Уна (20) одамна е популарна на социјалните мрежи, па така многу пати можат да се најдат вести за неа во медиумите, а сега таа улога ја презеде и неговата помлада ќерка - 15-годишната Лара.

Сепак, додека Уна го крие своето момче, Лара очигледно не губи време, па така веќе покажа и кој е тој. Од една фотографија, многумина беа изненадени, бидејќи младата наследничка на Чолиќ објави фотографија со момчето и тоа од креветот. Тие двајца се во врска една година, а младата Лара не крие дека ужива во љубовта.

Дека е очигледно напредна за свои години, говори и фактот што Лара уште на 15 години ги следи трендовите на познатите, па така, изгледа дека има ставено силикони во устата.

Здравко никогаш не се појавил во јавноста со сопругата Александра и ќерките, но во една прилика истакна дека е горд на своите наследнички.

„Горд сум на своите ќерки, како секој татко. Тука сум да ги поддржам и да ги исполнам нивните желби.“  - истакна тогаш, што може да се заклучи по нивните фотографии од Инстаграм.

„Веќе лесно почнува и одбраната од момчиња. Не знам како ќе изборам со тоа, тоа ми е најлошо. Но, повторно, сето тоа е потполно нормална работа во животот“ - заклучи Чолиќ.

Повеќе фотографии од Лара, погледнете во продолжение: 




фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: