Другиот зет на Жељко Митровиќ е целосна спротивност на украинскиот милијардер: Американец е, а дипломирал во Белград (ФОТО)

Другиот зет на Жељко Митровиќ е целосна спротивност на украинскиот милијардер: Американец е, а дипломирал во Белград (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Андреа и Шон уживаат во љубовта, а судејќи по нивните профили на Инстаграм, обожаваат да патуваат...

Додека јавноста со денови се обидува да ги открие причините поради кои пропадна веридбата на постарата ќерка на Жељко и Милица Митровиќ, Кристина Митровиќ, но и да дознаат кој всушност се крие зад името Илија Рискин, несудениот зет на сопственикот на розовата империја, помладата ќерка Андреа Митровиќ без проблеми ужива во љубовната романса.

Помладата ќерка на Жељко Митровиќ никогаш не покажувала склоност кон луксуз како Кристина, која Илија во текот на двегодишната врска ја опсипуваше со скапоцени подароци и ја носеше на екслузивни патувања.

На нејзиниот Инстаграм профил се менуваат фотографии од патувања, од Рим и Париз до Истанбул и Дубаи, но сѐ делува примерно за нејзините години.

Инаку, таа подолго време е во љубов со момчето кое се вика Шон Парнет. Станува збор за Американец, кој е од Пристон, кој неодамна дипломираше на Медицинскиот факултет во Белград.

Андреа и Шон овие денови уживаат на скијање во Франција, каде отпатуваа со пријателите, а дека одлично си поминуваат може да се заклучи и по кратките видеа кои младиот Американец ги споделува на стори.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: