Дуа Липа откри што им правела на момчињата додека била мала: Поради тоа сите се плашеле од неа
Нејзиниот начин бил успешен, но можеби не е најдобриот на светот...
Дуа Липа откри што најмногу ја нервирало кај момчињата додека била мала. Таа им возвраќала, а сето тоа поради една игра која момчињата постојано ја играле и на тој начин ја провоцирале.
Дуа Липа откри една анегдота од своето детство, поточно периодот кога имала седум или осум години. Кажа дкеа момчињата секогаш играле една игра со девојчињата, која се вика „Kiss Chase“, пишува „The Independent“. Станува збор за игра каде момчињата ги ловеле девојчињата, обидувајќи се да ги бакнат, а на девојчињата би требало да им биде забавно, бидејќи тоа значело дека некое од тие момчиња има симпатии кон нив, со оглед на тоа што сакале да ги бакнат.
На Дуа Липа оваа игра не ѝ се допаѓала, а еден ден одлучила да стави крај на тоа момчињата да ја бркаат за да ја бакнат. Откри дека го штипела за рамо секое момче кое тој ден сакало да ја бакне. Напомена и дека момчињата почнале да се плашат поради тоа, а таа отсекогаш мразела кога момчињата ѝ зборувале што треба да прави. Од една страна можеме да ја разбереме зошто таа игра не ѝ одговарала, додека од друга страна насилството сепак не е решение за секој проблем.
фото: Принтскрин / Инстаграм