Дури и доколку сте ќерка на Синди Крафорд оваа боја на коса може лошо да ви стои
Каја Гербер своето име во светот на модата го оправда уште одамна. И своите и името на мајка ѝ. Нејзини беа сите најголеми насловни, нејзини беа сите ревии на поголемите дизајнери на денешницата, како и сите кампањи на популарни брендови и во нив одлично се снајде. За тоа отсекогаш бил заслужен нејзиниот природен изглед, кој одлучи да го промени.
Секако, една од вообичените задачи на секој модел е промената на изгледот поради одредена кампања, што не е ништо ново. Меѓутоа, повеќето модели не отстапуваат од својот природен и препознатлив изглед.
Каја сепак одлучи да ризикува и драстично го промени изгледот и тоа благодарение на промената на бојата на косата. Првично косата и беше русокоса, а сега косата ја обои во розево и мораме да признаеме дека оваа промена не беше најсреќниот избор за неа.
Навистина, на крајот од денот голема вистина е дека едноставно оваа боја не им одговара на сите.