Копија на мама: Ќерката на Синди Крафорд ја покажа својата манекенска линија
Каја Џордан Гербер е доказ дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото, бидејќи е очигледно дека има многу работи наследено од мајка си, познатата манекенка Синди Крафорд, која пред триесетина година беше главна на светската модна сцена и беше еден од првите супермодели, а тие две особено се слични во физичка смисла.
Каја се прошета со сини хеланки и син спортски градник во кои излезе од еден од баровите во Холивуд, а притоа не ја ни вадеше заштитната маска од лицето. Она што може да се забележи е дека Каја неодамна ја променила бојата на коса, но и дека во ова прилика немаше ниту грам шминка на себе.
Целата комбинација ја има збогатено со темни очила за сонце, бели патики и кафена чанта.