Дури и како малечка знаев дека Дедо Мраз се моите родителите: Искрено новогодишно интервју со Мартија Станојковиќ

Дури и како малечка знаев дека Дедо Мраз се моите родителите: Искрено новогодишно интервју со Мартија Станојковиќ

Објавена во: Stars // Интервјуа

Дојде и првиот ден од Новата година. Онаа што е веќе зад нас беше вистински предизвик и дефинитивно година која не би сакале да ни се повтори, а логично е дека зад ваквиот став се крие пандемијата која го зафати светот. Но, во 2020 година се случија и многу убави работи и секој еден од нас може да издвои по нешто позитивно од годината што измина, без разлика дали станува збор за некој настан, личен успех, остварена желба или што и да е.

За предизвиците, успесите, убавите нешта, но и идните планови и желби зборувавме со младата пејачка Мартија Станојковиќ, која по музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“ ги освои срцата на многумина.

Оваа година ми ослободи простор да се посветам на себе и на мојата музичка кариера. Со повеќето предизвици станав потрудољубива и добив голем елан за работа.“ – започна таа.

Сите имаме желби милион, а еве што си посака Мартија во 12 часот по полноќ:

„Во 2021 би сакала да ги реализирам сите мои желби поврзани со музиката, и нормално моите најблиски да се здрави со оглед на лошата ситуација.“

Вообичаените Новогодишни прослави беа забранети со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, а младата пејачка како одговорен граѓанин ги почитуваше истите.

„Новата година одлучив ја да прославам со моите најблиски другарки. За жал, пандемијата ни ги забрани најубавите Новогодишни прослави, така што 2021 година ја дочекав во домашен амбиент.“

Ја навративме и на детството, а дека била паметно дете, говори и фактот што не дозволувала да ја лажат дека постои Дедо Мраз и точно знаела кој се крие зад дедото во црвено одело.

„За Дедо Мраз никој не ме лажеше, дури и кога бев малечка, мојот Дедо Мраз се моите родители.“ – беше искрена Мартија, а потоа откри и кој ѝ е омилениот подарок кој го добила:

„Мојот најубав новогодишен подарок го добив оваа година. Добив две внучиња од брат ми и сестра ми, и што целото мое семејство е до мене и што ја дочекавме Новата Година сите заедно.“

Станојковиќ пред крајот на минатата година беше вредна и неколкупати сподели фотографии од студиото на композиторот Дарко Димитров, со кој работи на нова музика.

Подготвувам песна која што набрзо ќе ја пуштам. Едвај чекам да слушнете што ви подготвивме. Искрено, не сакам да откривам ништо поврзано за песната, нека остане тајна за да бидете изненадени.“ – најави пејачката.

На музичко поле дефинитивно ќе се активира уште на стартот на оваа година, но што е првото нешто што би го направила таа кога ќе заврши пандемијата?

„Кога ќе заврши пандемијата ќе одам на одмор кој што би траел околу 10 – тина дена, бидејќи цела година немам отидено на море.“ – искрено одговори таа.

За крај, во целост ви ја пренесуваме новогодишната порака на Мартија до сите вас:

„Најпрво сакам да ви ја честитам Новата година, чувајте се себе и вашите најблиски, ви посакувам многу успеси и поубави денови.“

И. Мисајловска


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: