Душан отишол да купи сок и не се вратил: Младото Ромче го истепале до смрт, имал само 13 години

Душан отишол да купи сок и не се вратил: Младото Ромче го истепале до смрт, имал само 13 години

Објавена во: Живот // Живот

На Твитер се појави една приказна, која се случила пред 24 години и која навистина треба секој еден од нас да ја прочита и да размисли.

Душан имал 13 години, татко му тој 18 октомври пред 24 години му дал пари за да си купи Кока кола, која многу ја сакал. На патот до продавницата го убиле две 17 - годишни момчиња, затоа што е Ром. До смрт до шутирале со мартинките кои ги носеле.


Неговата мајка не можела да се носи со смртта на синот и понеколку обиди извршила самоубиство во 2015 година. Неколку години подоцна починал и неговиот татко, со што сестрата на Душан останала сама на само 18 години.


И тој последен ден од неговиот живот го правеше токму она што го сакаше. Беше да лови риба, играше кошарка, помина време со мама и тато. Мајка ми ми кажа дека бил голем љубител на часовници, но и на Кока кола, која таа вечер сакал да ја купи, но не успеал...


И запомнете! Секој пат кога се шегувате со Ромите, како граѓани од втор ред и тоа го оправдувате со лудите приказни дека создавате атмосфера во која нивните живот се помалку вредни и во која е неприфатливо некој да ги шитура со мартинки во глава.

За Душан повеќе не можеме да направиме ништо, но можеме за сите оние ромски деца кои доаѓаат, така што секој од нас за почетокот сам да ги третира со почит, но и да ги заштити од насилството и непочитувањето на другите. 

Бидејќи доколку некој од случајните минувачи изреагирал пред 24 години, Душан би бил и понатаму жив, но никој не го правил тоа.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: