Душан во ранецот секогаш носи пасош: До училиште ја поминува унгарската граница, цариниците го познаваат уште од мал
Училниците на ОУ „Кизур Иштван“ се преполни ос талентирани и вредни деца. Меѓу нив е Душан Вереб, ученик во седмо одделение, паметно и елоквентно момче, во чија училишна чанта, покрај книгите, секогаш мора да има и пасош, бидејќи секој ден на училиште патува од унгарскиот град Томпа, пренесува „subotica.com“.
Без оглед на тоа што од дома до училиште има 20-тина километри, Душан со своите родители Антал и Каролина, на часовите тргнува еден и пол час порано, бидејќи секој ден ја преминува границата на преминот Келебија.
„Во градинка, Душан одеше во „Наше наде“, потоа забавиште во Унгарија, каде што тргна на училиште. Меѓутоа, бидејќи јас зборувам српски, тој исто така сакаше да научи и во второ одделение тргна во ОУ „Сеченџи Иштван“ во Келебија, каде одеше до четврто одделение“ - раскажа неговиот татко, Антан, кој потоа додаде: „Во „Кизур“, одеше на натпреварување по математика и ни се допадна училиштето. Душан сакаше да продолжи да учи на српски јазик и одлучивме дека тоа треба да биде во „Кизур“.
Чекањето на граница и секојдневното патување Душан одлучно вели дека не му претставуваат проблем, бидејќи атмосферата во училиштето е прекрасна и секогаш едвај чека да стигне и да биде со другарите.
„Некогаш се случува подолго да чекаме. Но, цариниците и полицијата веќе ме познаваат, велат дека сум пораснал пред нивните очи. Кога има поголема гужва или ќе стигнеме кога има смена на границата, јас зимам да го напишам домашното или читам. Еднаш цариникот ми ги отвори и прелиста книгите, не веруваше дека одам на училиште“ - смеејќи се кажа Душан, а потоа додаде: „Навистина не ми е напорно. Ја сакам таа добра енергија во „Кизур“, толку сме блиски со наставниците, сите сме како едно големо семејство. Ми се допаѓаат и методите на учење, особено по математика и физика, но и јазици.“
Иако дома и со околината во Унгарија зборува унгарски, Душан српскиот јазик го зборува како да му е мајчин.
„На почетокот малку ми беше тешко да учам на српски, но малку по малку и тоа го совладав. Перфектно зборувам унгарски, спрски и англиски јазик, а би сакал да научам и шпански и француски. Бидејќи не знам каде ќе учам средно, во Келебија, од унгарската страна, одам во вонредно училиште и вонредно ги полагам испитите од сите предмети.“ - истакнува Душан за „subotica.com“.
И во двете училишта Душан е одличен ученик и дете за пример.
„Придоните науки се поклопуваат, разликата е во само во тоа што е во програмата. Некогаш нешто се учи прво овде, некогаш во Унгарија, но јас го учам тоа и потоа го користам кога ќе ми биде потребно. Во училиштата не учиме само материјал, туку и култура, а тука унгарската и српската култура се поклопуваат. Најтешка ми е граматиката, а и историјата, бидејќи некои факти поинаку се толкуваат. Другарите ми велат дека ќе станам политичар, бидејќи зборувам многу, а бескорисно. Зборувам, а не кажувам ништо“ - зборува момчето, чија желба е да стане унгарски амбасадор во Србија.
Душан и неговите родители активно учествуваат во сите случувања кои ги организира училиштето
„Сакавме на некој начин да се заблагодариме на училиштето што ни овозможи Душан да учи тука и така предложивме да организираме саем. Првиот беше пред две години, а сега со прекрасната учителка Јасмина повторно го организиравме „Кизурко“, кој беше од добротворен карактер. Драго ни е што се собрани пари и што им помогнавме на децата“ - искрено велат Антал и Каролина.
фото: subotica.com