Душко Тошиќ го прослави 36 - от роденден: Наздрави со Карлеуша, а потоа танцуваше со нејзината тетка

Душко Тошиќ го прослави 36 - от роденден: Наздрави со Карлеуша, а потоа танцуваше со нејзината тетка

Објавена во: Живот // Живот

Сопругот на пејачката и српскиот фудбалер, вчера организираше роденденска забава во еден ресторан, секако во кругот на семејството...

Сопругот на музичката ѕвезда Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, вчера, го прослави својот 36 - ти роденден и по тој повод, неговите најблиски му подготвија забава.

Со добра музика, уште подобра атмосфера, храна и пијалоци, Тошиќ го прослави својот роденден со најблиските членови на семејството и пријателите во еден ресторан. На социјалната мрежа Инстаграм, фудбалерот и неговите пријатели објавија неколку фотографии и видеа на кои може да се види колку се среќни.

Додека Душко ги гасеше свеќите, неговата сопруга Јелена не ја симна насмевката од лицето и играше цело време. Во еден момент, Тошиќ и се приближил на својата жена како вистински џентлмен, па наздравиле со чаша шампањ.

Дека владеела одлична атмосфера говори и тоа што Тошиќ танцуваше со својата мајка, но и со тетката на Карлеуша.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: