Два базени, огромен двор, а внатре има пет бањи: Ѕирнете зад ѕидовите на новата вила на Карлеуша
Оваа вила чини 2,5 милиони евра...
Јелена Карлеуша со своето семејство се пресели во нова вила, која Душко Тошиќ ја купи во 2018 година, а која некогаш му припаѓаше на Драган Стојковиќ Пикси.
Вилата се наоѓа во близина на нивниот дом, кој сега веќе им е поранешен, а се наоѓа на Сењак.
Луксузниот имот има два базени - внатрешен и надворешен, две гаражи, како и огромен двор кој е заштитен со sидови, камери и бодликава жица.
Исто така, во куќата има дури пет бањи, а она што е интересно е дека Јелена и Душко имаат посебни бањи, бидејќи тоа е, како што претходно ни рече Карлеуша, „тајната на среќниот брак“.
Куќата, како и дворот, беа реновирани од оваа двојка, па сега сè изгледа многу подобро отколку порано. Во дворот има и дел за правење скара.
Во продолжение погледнете ја куќата на семејството Карлеуша - Тошиќ:
фото: Никола Томиќ / Марко Јовановиќ / Телеграф.рс