Два магични збора го разбуделе од кома: Тинејџер изреагирал по 62 дена
Семејството на 18 - годишното момче кое било во кома повеќе од два месеци веќе започнало да губи надеж, а потоа тинејџерот на изненадување на сите се разбудил, откако посториот брат му го спомнал неговото омилено јадење - пилешко филе.
Овој млад човек од северозападен Тајван паднал во кома по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеал на скутер. Претрпел неколку повреди кои биле опасни по живот, имал внатрешно крварење и оштетување на виталните органи.
По несреќата, лекарите успеале да ја стабилизираат неговата состојба и да му го спасат живот, но тој паднал во длабока кома, пренесува „Раша тудеј“.
Медицинската сестра која се грижела за повредениот, тврди дека несреќното момче постојано „го влечел јажето со богот на смртта“.
Семејството цело време било покрај него, па така се случило постариот брат на 62 - от ден во разговор со семејството да се пошегува дека кога ќе се разбуди ќе го нахрани со пилешко филе.
За некое чудо, на споменувањето на храната, тинејџерот почнал да си ја враќа свеста и неговите витални знаци се стабилизирале. Набрзо потоа момчето потполно оздравело и било пуштено од болница.
Се вратил со торта за персоналот, како благодарност за грижата и негата која му ја пружиле.
Teenager wakes up from 62-day coma after hearing the words 'Chicken Fillet' https://t.co/BaRjP2MHY3
— VOBLR (@sandeeprrao1991) November 9, 2020